Драма кај Кокино: Скопјанка паднала во длабока провалија додека се местела за сликање

Вистинска драма се одвивала завчера кај Кокино кога Скопјанка за време на првомајскиот викенд се здобила со сериозни повреди по телото, откако паднала од карпите на мегалитската опсерваторија во провалија длабока 17.5 метри.

Инцидентот се случил  во 10 часот и 30 минути кога 44-годишната В.Ј. паднала во провалијата, а сведоци на ужасниот настан биле и нејзините малолетни ќерки со кои заминала во обиколка на Кокино, пренесува Вест. Додека се обидувала да се намести за сликање, се одронила карпата на која стоела по што скопјанката паднала и се здобила со набиеници по телото, повреди на главата и на десната потколеница.

Сите кои биле во близина притрчале да помогнат и со  нивната брза интервенција била спречена трагедија.

 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега