„Голф“ удрил во две деца од Доброште

 

Две деца, девојче од осум години и момче на седумгодишна возраст, од тетовското село Доброште, се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 12 часот и 20 минути на регионалниот пат Тетово- Јажинце.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, до несреќата дошло откако врз децата кои оделе пешки налетал и ги удрил автомобил „Голф“ со тетовски регистарски таблички што го управувал Ф.А. (32) од селото Одри. Девојчето се здобило се тешка телесна повреда - скршеница на левата подлактица и по укажаната помош во тетовската клиничка болница е упатено на скопските клиники, додека момчето по укажаната помош  во тетовската болница е пуштено на домашно лекување.

Според првичните податоци, причина за несреќата е пребрзо возење на автомобилот.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега