ВМРО-ДПМНЕ: Доказите за вмешаноста на Заев во дестрктивното сценарио ја зголемија нервозата кај СДСМ
Станува се поголема нервозата која владее во СДСМ од доказите кои постојат за нивниот лидер Зоран Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во рекација на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, на која оцени дека не постои ниту една законска основа согласно Законот за кривична постапка за формално изземање на јавниот обвинител Јован Илиевски од постапување по предметот „Пуч“.
- Петре Шилегов очајно се обидува да манипулира со случајот Пуч, во кој постојат евидентни правни докази и признанија за вмешаноста на Заев во деструктивното сценарио со кое се обидува да се дограби до власта. Целосно е разобличен планот на Заев, Верушевски и нивните соработници да ја втурнат Македонија во криза и на тој начин да ги остварат целите на странските центри кои не и мислат добро на Македонија, а притоа да дојдат на власт без избори, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе и на СДСМ, се додава, им станува јасно дека тоа не им поминува кај граѓаните.
- Тие јасно го кажаа своето не на нивните креирани, монтирани и прилепувани материјали. И оваа деструктивна епизода, како и претходните не ја доби поддршката на граѓаните, затоа што тие ги прочитаа нивните лаги и скриени намери кои се на директна штета на интересите на државата и на граѓаните, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа