Крвав инцидент во кафеана во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишниот Т.Б. од Куманово, како и против 41-годишниот Р.Т. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според податоците од полицијата, на 15 април годинава, околу 22 часот во кафеаната „Д.Бест Чојс“, пријавените со физичка сила ги нападнале С.С.(46) и С.В.(30) двајцата од Куманово. Со употреба на нож на С.С. му нанеле расекотини во пределот на лицето, а на С.В. во пределот на раката.
Оцени ја веста
04.05.2015 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа