Тетовчанец го снајде тешка судбина

 

Во текот на вчерашниот ден од 14 до 23 часот и 30 минути засега непознати сторители извршиле тешка кражба во станот на 37-годишниот Ш.М. лоциран на улица „180“ во Блок 70 во Тетово.

Откако крадците ја скршиле цилиндер бравата, влегле во станот, целосно ги пребарале сите простории и одзеле разновиден златен накит, лаптоп и бижутерија чија вкупна вредност, според сопственикот,  се проценува на 150 илјади денари.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега