Статистика: Годинава бројката на починати зголемена за 3,4% во однос на 2012
Во Македонија статистички бројката на починати е зголемена за 3,4% во однос на 2012 година. Во моментов таа изнесува 20,134 лица од кои повеќето се мажи 10,523 односно 52,3%. Лицата починале на просечна возраст од 70,3 години. Кај жените просечната старост е 74,4 години односно за 4,1 година поголема од просечната возраст на мажите. Државниот завод за статистика излезе и со бројка за умрените доенчиња односно 230, а нивното учество во вкупниот број на умрени изнесува 1,1% на 100 умрени лица.
Најмногу починале од болести на циркулаторниот систем, дури 59,2% 18,3% од неоплазмите а 4,2% од ендокрините, нутритивните и метаболните болести, додека 3,9 отсто отпаѓа на болестите на респираторниот систем.