Заев со трите големи лаги си даде автогол и ја сруши својата одбрана

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ја сруши својата одбрана давајќи си автогол со три големи лаги. На последната прес-конференција тој на јавноста и ги презентираше податоците од времето кога Зоран Верушевски и СДСМ управувале со службите, истите презентирајќи ги како актуелни и сега прибавени.

Заев се фати во три големи лаги, прво партискиот портпарол Петре Шилегов, а потоа и опозицискиот Фокус тврдеа дека тој воопшто не се познава со Верушевски, за подоцна самиот Заев потврди дека не само што се познавале, туку и соработувале заедно. Според изјавите на Заев, тој му подготвувал терен ја да напушти земјава и правеле план за создавање криза.

Втората голема лага на лидерот на СДСМ, кој се обидува да проведе марачно сценарио во земјвата за кое нема поддршка од граѓаните, а ни од меѓународните претставници, ја кажа ја последната одржана прес-конференција. Имено тој во врска со прислушувањето, како наводни оператори кои го правеле тоа посочи лица кои се починати, одамна пензионирани и лица кои во периодот кој Заев го посочува не работеле во службата или пак биле прераспоредени во друга организациска единица од каде не можеле да прислушуваат.

Извори од истрагата утврдиле дека двајца од посочените оператори кои наводно ги снимале разговорите се починати, едното лице во 2008-мата, а второто во 2013-та година, но истото уште од 2008-мата не работело во Петта управа, туку било прераспоредено во друга организациска единица. Во листата оператори на Заев се наоѓа и лице кое од 2007-мата година е иселено од земјава во странство. Во Ексел табелите на Заев наведени биле и имиња на четворица началници во МВР, кои воопштво не работеле на оваа проблематика, како и три лица кои подолго време се пензионирани. Како дел од операторите наведени од првиот човек на СДСМ, стои и име на лице кое со отказ си заминало од Министерството за внатрешни работи во 2008-мата година, а има и две лица кои подолго време наназад не доаѓаат на работното место, користејќи боледување поради тешка болест.

Лагите искажани од Заев продолжуваат и со објава на адресите содржани во документите кои лидерот на СДСМ ги презентираше пресд некој ден.

Заев, имено презентирапе листа на адреси на лица кои биле прислушувани, а се стари најмалку 10 години што укажува дека истите се креирани од времето кога Верупевски и СДСМ раководат со службите, што пак е дополнителна потврда дека се работи за креирано сценарио против угледот на државата и актуелната власт.

Според документот на Заев, за кој тој тврди дека е од УБК, Радмила Шеќеринска се води на адреса „Илинденска“ бб, адреса на Владата од времето кога таа беше вицепремиер, фукција која ја извршуваше до 2006-та година. Стари се адресите и на кои се воделе Есад Рахиќ, Никола Поповски односно во нивната графа стои адресата на Собранието на Република Македонија, а истите ме се пратеници најмалку 8 години.

Ист е случајот и со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој на наведената адреса не живее најмалку 10 години. Доколку МВР го вршело прислушувањето, со наједноставна проверка во системот на полицијата ќе станело јасно дека актуелниот министер за транспорт има нова адреса. Јанакиески само две години живеел на адресата која е наведена, од 2005-та до 2007-ма.

Таков е случајот и со сопругата на Заев, која според објавениот документ од него, истата се води на адреса која е од времето пред да стапи во брак со Заев, од пред 15-тина години.

 

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега