Поднесено обвинение за случајот „Пуч“ - обвинет и Заев

 

Основното јавно обвинителство  поднесе обвинителен акт против пет лица за случајот „Пуч“ меѓу обвинетите и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според сопштението објавено на сајтот на кривичниот суд Зоран Верушевски е првообвинет за неовластено прислушување и тонско снимање за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи. Второобвинет е Ѓорги Лазаревски и ќе одгвоара за неовластено прислушкување и шпионажа. 

Третообвинета е Соња Верушевска за кривичното дело шпоионажа. Лидерот на СДСМ Зоран Заев  е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи.  Петообвинетиот   е Бранко Палифров кој ќе одговара  за истото дело како и Зоран Заев. На предлог на обвинетиствата е продолжена мерката притвор за лицата кои досега беа притворени. 

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега