Денеска три македонски селекции ќе настапат на Медитеранските игри во Турција
Во турскиот град Мерсин денеска на Медитеранските игри ќе настапат три македонски репрезентации. Ракометарите, ракометарките и фудбалската селекција до 19 години. Ракометарките го играат својот натпревар против Шпанија кој што е последен во групната фаза и која досега претрпе три порази од Хрватска, Словенија и Тунис. Претходно ракометарите го игараат својот меч од 3то коло во групата Б против Србија, а освен победа за пласман во полуфиналето се друго ќе биде поразително за нашата селекција. фудбалерите пак играат со Босна и Херцеговина во дуел за 5-то место.