Латас во вестите на Сител: Вчерашната прес-конференција на Заев ќе му се удри од глава во судската постапка
Главниот и одговорен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас во централните вести посочи дека вчерашната прес конференција на СДСМ во која беа објавени одредени сознанија, документи и имиња се врв на заглавување на Зоран Заев и СДСМ во самата афера, кои ќе му сe удрат од глава на Зоран Заев, во судската постапка.
-Вчера СДСМ имаше прес-конференција иклучително битна за нив и нивните гласачи, особено за нивното партиско раководство сегашно и поранешно. Објавени се одредени сознанија, документи и имиња кои се отприлика досега барем во овие два месеци се врв на заглавување на Зоран Заев и СДСМ во самата афера од своја рака, истакна Латас.
Имено, рече тој, објавени се документи кои во судската постапка ќе му се удрат од глава на Заев и СДСМ со кои тој докажува дека со такви документи располага, дали се тие оригинали или не ќе видиме допрва, треба да докаже и од каде му се.
- Трета работа се објавуваат разговори кадешто по документите се гледа дека се прислушкувани, барам според Заев, и Црвенковски и Шекеринска и Зоран Заев, но ние досега не видовме ниту еден разговор од страна на СДСМ, додаде Латас.
Тој потенцираше дека за јавноста е битно д аги види и двете страни и дека би било нормално кога веќе Заев дошол до прислушкувани разговори и од Црвенковски, Шекеринска и од самиот него да ги даде на ВМРО-ДПМНЕ и тие да одберат што од нив е интересно за јавноста и да ги објави.
На тој начин, посочи тој, граѓаните ќе имаат шанса, можност и демократски да одберат што за нив е порелевантно.
Од обраќањето на Драган Павловиќ Латас може да се заклучи дека допрва јавноста ќе се запознае со откривање на нови дополнителни информации поврзани со делувањето на СДСМ и Заев од кое што ќе се срами цело СДСМ и ќе се урне главниот столб на Заев и неговите структури дека Власта прислушкувала.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа