Нов автогол на Зоран Заев

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера по којзнае кој пат си даде автогол.

Имено, со вчерашната прес-конференција тој стави печат на верификација за вистинитоста на соработката со странски елементи и незаконско прислушување кое го правела агентурната мрежа на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски. Сето она што тој го презентираше објавувајќи ги креираните материјали, според познавачите практично е она што тој го има добиено од мрежата на Верушевски.

Нивното сценарио целосно се разобличи на очиглед на целата македонска јавност. Откако по признанијата на осомничените на граѓаните им стана јасно дека прислушкувањето во Македонија го вршеле Зоран Верушевски и неговата агентурна мрежа во соработка со странски служби, Заев се одлучи на прес-конференција како вчерашната.

Лидерот на СДСМ е сосема свесен дека ги губи работите од свои раце и затоа се целата сила се труди документите од мрежата на Верушевски да ги прикаже  како дело на државниот врв, кој пак испадна дека е најприслушкуван. Тоа е доказ повеќе дека Груевски и Мијалков никако не можеле самите себе да се прислушкувале.

Вчерашната “бомба“ на Заев само го верификуваше она што и досега беше познато. Имено, 5-то и 6-то осомничениот во „Пуч“ сами ја признаа вината дека доставувале снимени материјали до Верушевски, за пари. Тие признаа и дека екс-разузнавачот тесно соработувал со странски служби.

Заев таквите материјали кои се незаконски прибавени ги користи во политичка битка, но тоа како бумеранг му се врати и го удри во глава. Токму таквото негово однесување предизвикува револт кај граѓаните поради се понагласените манипулации.

Заев дополнително се “дозакопа“ со тврдењето дека лицата кои биле следени се водени под псевдоними, притоа откривајќи дел од нив. Имено, доколку се споредат неколку од псевдонимите кои вчера Заев ги објави, како на пример Klinik1, NAPO6, VON-10A и други ќе се забележи голема сличност со псеводнимите кои во скајп комуникацијата ги користеле Зоран Верушевски, регистриран под прекар Orkestar 11 и и петтоосомничениот, техничар во УБК Ѓорѓи Лазаревски, регистиран под псевдоним Coca Cola 10a.

Според познавачите, ова е доказ дека Верушевски и неговата мрежа користат бројки во своите прекари дури и преку скајп, исто како и псеводнимите кои Заев вчера ги објави, што е уште еден показател за тоа кој стои зад прислушувањето. Имајќи ги во предвид секојдневните контроверзни тврдења на Заев, нема да е чудно тој дури да излезе и со обвинување дека власта им ги креирала псевдонимите на Верушевски и Лазаревски на скајп и им ставила бројки на крајот од прекарот.

Со вчерашната прес-конференција, Заев го достигна дебаклот на своите политики. Тој немајќи што повеќе да скандализира и со цел да си направи алиби, го спореше носењето на законот за следење на комуникации. На овој терен Заев си даде себеси уште еден автогол бидејќи за носењето на овој закон гласаа најблиските соработници на Црвенковски, па и на Заев.

За законот гласале Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Наташа Савова, Игор Ивановски, Сафет Бишевац, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Весна Бендевска, Митре Велјановски.

Но, она што е најзагрижувачко е тоа што Заев продолжува да се заканува. Тој поради немање никакви аргументи, се закани со големи протести кои нема да завршат со заминувањето пред Влада. Заев практично, индиректно најавува немири, конфликтност и инциденти, што е уште една потврда за вистинитоста на поврзаноста со Верушевски кој самиот во комуникација со еден од осомничените, најавува револуција и тензии на улица, па дури и граѓанска војна.

КУРИР

 

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега