ФОТО: Исповед на фолк пејачката со најтажен љубовен живот

Српската пејачка Романа Пајиќ има дефинитивно најтажен љубовен живот на естрадата. Откако му прости на саканиот што и направи дете на љубовницата, животот и зададе уште еден удар, иако таа му прости се.

- Човекот навистина ме запроси. Беше инкогнито. Дури ја закажавме свршувачката и тоа на неговиот  роденден. Тој инсистираше да ги поканам моите родители, пријатели, но јас за цела среќа не го сторив тоа. Тој повторно замина на пат и продолжи по старо. Не се јавуваше, постојано ме лажеше. Тогаш му кажав дека е најдобро да ставиме крај на се. Не можам повеќе ниту една лага да поднесам. Бев скршена и тоа за мене беше многу тежок период од животот“, била искрена Романа во емисијата „Из профила“.

Инаку, Романа беше четири години во врска со адвокатот од Кипар Фатос Питаѓис.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега