ВИДЕО: Жестока кавга меѓу опозиционерите - се распукаа пред камери
По неуспехот на референдумот на општина Центар за ГТЦ, поддржувачите на опозицијата се закрвија меѓу себе.
Битката во текот на минатите два дена се водеше на социјалните мрежи, каде жестоки зборови си разменија првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов и уредникот на Слободен печат и ПлусИнфо, Бранко Героски. Нивната жестока кавга продолжи и денес, во живо во емисијата Анализа на 24 Вести.
Тие ги повторија своите ставови- Спасов вели дека референдумот е успех, а Героски дека истиот е фатална грешка.
Продолжија со жестоките препирки. Спасов постојано му се мешаше во збор на Героски, кој еднаш дури предупреди дека ќе се повлече ако му се упаѓа во зборувањето. Првиот човек на „Рејтинг“ истакна дека не може да се лаже народот со она што Героски го предлага. Двајцата водеа кавга за референдумското прашање.
Раздорот меѓу гласноговорниците на СДСМ продолжува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа