Пет производи кои ќе ви помогнат да ги намалите масните наслаги

Има диети кои ви ветуваат дека ќе ги намалите масните наслаги на стомакот, но по што се разликуваат тие диети од останатите?

Всушност, клучот не е во намирниците што ќе ги избегнувате, туку во храната што ќе почнете да ја јадете, во точно одредени количини, според советите на најдобрите светски нутриционисти и инструктори по фитнес.

Боровинки – познати се како моќен антиоксидант, но сега е докажано дека имаат и една неверојатна способност – да ги намалат масните наслаги од стомакот. Секојдневно консумирајте 100 г  свежи боровинки или чаша сок од боровинки. Најдобро наутро со појадокот.

Грејпфрут – современите студии покажаа дека луѓето кои имаат зголемена телесна маса и консумираат половина грејпфрут или чаша сок од грејпфрут за ручек не само што слабеат, туку слабеат точно во областа на половината и на карличниот појас.

Ореви – еден од најдобрите извори на омега 3 масните киселини кои не само што се моќни антиоксиданси, туку и помагаат при регулирањето на нивото на хормоните на стресот. Кога нивото на хормонот кортизол (хормон на стресот) е високо, тоа предизвикува складирање масни наслаги во областа на половината. Наутро се препорачува да се консумираат грст ореви заедно со боровинките како појадок.

Кисело млеко – во својот состав содржи супстанции кои се ефективни за слабеење во областа на половината бидејќи имаат својство да го регулираат натрупувањето и разградувањето на мастите во телото.  Консумирајте порција кисело млеко во комбинација со овес или мешано овошје, како вечерен оброк.

Црвени пиперки – богати се со природен витамин Ц за кој е докажано дека го регулира нивото на кортизол, односно влијае да се врати во своето нормално ниво кога е покачен при стресна ситуација. Тоа значи дека хормоните на стресот ќе циркулираат пократко време во телото и така нема да дојде до складирање масти во областа на стомакот.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега