Животната драма на Петар: Почнав да пејам за да соберам пари за болната мајка

Натпреварувачот од „Ѕвездите на Гранд“, Петар Нишиќ има трогателна животна приказна. Тој започнал да пее и да плива во музичките води бидејќи треба да собере пари за лекови за неговата болна мајка.

- Поради семејните проблеми, бев принуден многу порано да созреам од моите врсници. Мирното и безгрижно детство се претвори во грижа за најважната личност во мојот живот. Таа водеше тешка битка со болеста. Кога дознав за тоа не можев да седам со скрстени раци. Со татко ми кој е музичар, почнав да работам по кафани. Мајка ми успешно се излечи и среќна е што продолжив да се занимавам со музика. Ме поддржува од првиот ден. Минатата година толку навиваше за мене, што до ден денешен другарите се шегуваат на моја сметка. Кога и да ме видат на улица ќе кажат: Еве го Пеца „љуби го мајка“, раскажува тој.

Секоја чест, секоја мајка би посакала ваков син.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега