Нов испад на Жељко Јоксимовиќ - продукцијата го предупреди тоа да му е последен пат!

Низ многу маки поминаа синоќа девојките кои се бореа да освојат едно од шестте столчиња резервирани за кандидатите со кои како ментор ќе работи Жељко Јоксимовиќ.  

Во моментот кога беа пополнети само три столчиња, настапи Соња Чоко, чиј настап помина послабо.

Жељко одлучи дека нема да го слуша мислењето на своите колеги, туку побара секоја од девојките кои веќе седеа на столчињата да го оцени овој настап. Една од девојките, Милица Лојиќ од Бања Лука, одби да го коментира настапот, па Јоксимовиќ ја испрати дома.

– Милице, и ова е дел од шоуто, да видиме какви сте – и рече тој.

– Сакав да видам кој е каков. Настапот на Соња беше просечен, а ако ме лажеш во лице, несакам да работам со тебе– изјави Јоксимовиќ.

Подоцна Жељко ја врати Милица на сцената и ја праша дали знае зошто ја исфрлил од натпреварувањето, на што таа одговори дека не знае, па повторно ја врати дома, но драмата заврши среќно кога Хулиќ ја вметна во една од групите кои ги состави и со кои ќе работи.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега