Исповед на навивач на крвавото белградско дерби: Го бранев синот од толпата хулигани - се борев за неговиот живот

Белграѓанинот Милош Грбовиќ (38) кој со 10 годишниот син Алекс бил на источната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ вели дека одеднаш настанал хаос, летале столици и дека хулиганите се нафрлиле едни на други, и дека единствено му било важно да го заштити своето дете! Намерно дојдовме еден час и половина порано, за да ја избегнеме гужвата и можноста на инциденти во околината. Не насетив дека веднаш ќе морам да го спасувам моето дете пред хордата на хулигани“, вели Милош. Како што вели тој хаосот почнал изненадно. Одеднаш се се помеша. Некои од „истокот“ дотрчаа на северната трибина а оние од северот фрлаа со столици.

ЃСе плашев само да не ја пробијат оградата меѓу двете трибини затоа што во тој случај ќе настанеше покољ. Сигурно ќе имаше десетици мртви. Алекс за среќа цело време беше смирен, на почетокот му беше и интересно, но како што хаосот се зголемуваше, детето се уплаши. На неколку метри дотрча момче со крвава глава и тогаш детето се расплака. Се повлековме педесет метри подалеку и едвај некако успеав да го смирам“ вели Грбовиќ.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега