Бомбите на Заев почнаа да му пукаат во двор - референдумот покажа дека тоне рејтингот на СДСМ дури и во Центар
Бомбите на СДСМ и целото сценарио за дестабилизација на Македонија и донесоа на опозицијата само 392 гласа во општина Центар. На последните претседателски избори во општина Центар кандидатот на опозицијата имаше вкупно 16.452 гласа, а денеска, СДСМ и нејзините сателити успеаја да соберат вкупно 16.844 гласови. Ако се има предвид дека на последниот референдум гласаа и граѓани кои обично не излегуваат на избори, тогаш математиката вели дека сценариото на Заев катастрофално се одразува на рејтингот на СДСМ.
Откако во опозициските редови на сите им стана јасно дека доаѓа крајот на политичката кариера на Заев, на Бихаќка веќе се формираат крила кои си го мереа рејтингот преку овој референдум.
Едното е крилото на Андреј Жерновски а другото на Стево Пендаровски, двајцата кои се најавуваат како најсериозни кандидати за наследник на Заев.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа