Се расчистува инцидентот во Гошинце: Пронајдено оружјето што го украдоа терористите
Се расчистува терористичкиот напад во Гошинце. Полицијата во голема акција која се спроведува од рано утринава во регионот на Малино во напуштени куќи успеала да пронајде дел од оружјето што беше украдено од караулата при терористичкиот напад.
Извори од МВР за Сител велат дека по добиените оперативни сознанија полицијата постапила по судска наредба и утрово извршила претрес на повеќе локации во Малино, село кое е во непосредна близина на нападнатата караула во Гошинце. Оружјето кое било пронајдено ги потврдило првичните сомненија на полицијата за лицата кои беа инволвирани во терористичкиот напад.
Од МВР официјално потврдуваат дека се спроведува голема акција но не откриваат повеќе детали.
Караулата во Гошинце беше нападната ноќта во вторникот оваа недела. Како што информираше полицијата, 40 терористи во униформи на УЧК заробија 4 полициски службеници кои биле на своите работни места. Тие им порачале на полицајците дека сакаат своја држава и дека ќе го убијат секој што ќе се доближи до селото. По ова еден од полициските службеници бил претепан и заедно со останатите тројца ослободен.
За неколку часа полицијата ја врати контролата врз караулата, а утредента, одговорноста за нападот ја презема извесен командант Фљамури.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа