Кој завршил факултет, а кој има само основно образование од македонската естрада?

Повеќето наши естрадни фаци имаат студирано на приватните универзитети кај нас и повеќето се вечни студенти. Убавина и здравје открива кој ѕвезди се факултетски образовани, а кои завршиле само основно.

Повеќето пејачи, кои имаат завршено средно музичко училиште имаат завршено и музичка академија во Скопје. Едни од ретките кои го имаат завршено овој факултет сеТамара Тодевска, Елена Петреска, Адријана Јаневска, Сузана Турунџиева, Тијана Дапчевиќ. Влатко Илиевски има дипломирано на Факултетот за драмски уметности. Лила Филиповска пред неколку години дипломира на Филолошкиот факултет. Боки 13заврши средно во гимназијата „Јосип Броз Тито“ и се запишал на Факултетот за туризам, ама не го завршил. 

Викторија Лоба студирала на бизнис-академијата „Смиленски-БАС“ и се уште ја нема завршено. Водителката Јована Стојменовиќ дипломирала на Филолошкиот факултет, а е магистер по односи со јавност на Правен факултет.

Каролина Гочева се запишала на Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик. Елена Ристеска студирала на Филолошкиот факултет, отсек италијански јазик.

Марјана Стојановска завршила средно  училиште „Лазар Личеновски“, отсек применета уметност.

УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега