Пешевски: Се надеваме дека посетата на Естонија ќе резултира и со конкретни резултати

 

Денеска владина делегација предводена од премиерот Груевски беше во Естонија.

Вицепремиерот Пешевски во изјава за медиумите информираше дека посетата на Естонија на  еден начин е возвратна посета на посетата што нивната Стопанска комора ја имаше минатата година во Македонија.

- Во текот на минатата година веќе определени резултати се постигнаа. Некои од компаниите од текстилниот сектор од Македонија имаат определен извоз во Естонија, но ние сакаме да ги презентираме и пред останатите комнпании, останатите сектори можностите за инвестирање, за соработка со Македонија, бидејќи постојат помеѓу Македонија и Естонија. Се работи за земји со слична големина, се работи за земји кои што се ориентирани кон реформите и кои што се високо рангирани на светската листа за услови за водење на бизнис и се надеваме дека и оваа посета ќе резултира и со конкретни инвестиции во таа насока или зголемување на извозот од Македонија, рече Пешевски.

ФОТО: Журнал

најчитано сега