ФОТО: Страшна сообраќајка кај Куманово - четворица во болница
Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава на регионалниот пат Куманово-Липково, каде БМВ, Опел Астра и комбе Фолксваген сите со кумановски регистерски таблички се судриле.
Со тешки повреди се здобил возачот на БМВ-то, 32-годишниот Б.Ф., додека полесно повреден е неговиот сопатник Б.А. (46). Астрата ја управувал 26-годишниот С.Ц., а комбето 33-годишниот Н.П. чиј сопатник се здобил со телесни повреди.
Повредените се пренесени во Здравствениот дом во Куманово.
ФОТО: БРИФ
Оцени ја веста
23.04.2015 - 10:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа