Се проценуваат штетите од невремето во Берово

 

По завчерашното невреме проследено со поројни дождови, електрични празнења и силен град во големина на лешник, што го зафати и подрaчјето на Малешевијата, започна и процената на нанесените штети.

Според првичните, неофицијални согледувања, најголеми оштетувања им се нанесени на вишните и сливите кај овошните и на компирот, пиперот и доматите кај градинарските култури. Оштетени се и нивите засеани со житни култури, кои сега се во таканаречената млечна зрелост, но и фуражните растенија и ливадите.

Од надлежните општински и државни органи е упатен апел до индивидуалните земјоделски производители да ги пријават оштетените површини, бидејќи стручна комисија ќе ги проверува и утврдува штетите и според утврдени критериуми, ќе предложи надоместок за претрпените оштетувања.

ФОТО: Денешен 

најчитано сега