Убиец од Скопје падна во рацете на „Алфите“

 

Четириесет и три годишниот Суат Ј. од Скопје вчера попладне бил уапсен од „Алфите“ во скопско Топанско.

Тој се барал по наредба од КПУ „Идризово“ од 12.08.2013 година поради бегство од затворот, каде издржувал казна затвор во траење од 15 години за сторени кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „тешка кражба.

-Имено на 13.08.2006 година околу 17,45 часот на раскрсницата на ул.„Пролетерска“ со ул.„Лепеначка“ Суат Ј. заедно со Нехат.С.(33) кои биле во возило „Застава 101“ од автоматско оружје испукале повеќе куршуми кон возило „Форд Ескорд“ при што биле лишени од живот Бранко И.(50) и Љупчо А.(48), а со тешки телесни повреди се здобиле С.И. (51) и С.А(41), информираат од полицијата.

Суат Ј. беше приведен  во ПС Бит Пазар, а од страна на полициски службеници од Единицата Алфа истиот е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега