Јас сум човек од село: Се јави осомничениот за нападот во Гошинце?

 

„Јас сум селски човек и цел ден се занимавам со домашна работа. Бев изненаден кога го слушнав моето име во вестите“. Ова е изјавата која ја даде Кадри Бајрами, лицето кое за себе вели дека е еден од осомничените за нападот на караулата во Гошинце.
Бајрами вели дека живее во селото Станиќ во Гњилане и дека неговото име е искористено бидејќи селото се наоѓа во граничниот појас.

 

„Ова е лага и моето име е искористено бидејќи живеам во граничниот појас и се занимавам со сточарство и домашни работи, и од тоа го издржувам моето семејство“, вели Бајрами.

Интересно е што медиумите вчера објавија дека браќата Кадри и Елихан живеат во селото Жегра, а не Станиќ, каде што живее ова лице чиј брат се вика Ерхан.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега