Бебето Најден повторно се бори за живот

 

Малото бебе коа неодамна беше пронајдено фрлено во Арачиново со модринки по телото и отсечен јазик сега за жал повторно се бори за живот, објави Дневник.

Четиримесечното бебе се наоѓа на Интензивна нега каде се бори за живот, откако неговата состојба се влошила за време на викендот.

- Најден има проблем со едното белодробно крило. Сега се наоѓа на одделението за интензивна нега, целиот медицински персонал му е на располагање. Правиме с' што можеме за да го закрепнеме. Тој извесен период беше сместен на одделението за доенчиња, имаше своја соба и нега. Но, треба да се знае дека тој беше со кревко здравје уште од денот кога е донесен во болница, изјавува Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката за Дневник.

Се надеваме состојбата на Најден ќе се подобри.

Извор: Дневник

најчитано сега