Македонските кошаркари вечерва се борат за бронзениот медал
Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 16 часот и 15 минути ќе игра со Тунис во малото финале на Медитеранските игри во Мерсин.
Избраниците на Марјан Србиновски веруваат во победа која би донела бронзен медал од дебитантскиот настап на едно вакво натпреварување.
Двата слободни дена по полуфиналните натпревари во кои Македонија беше поразена од Србија, а Тунис од Турција, отворија добра можност убаво да сеанализира играта на противникот во денешната средба, која воедно ќе биде и последна за кошаркарите во Мерсин.
Репрезентацијата на Тунис одигра вкупно три натпревари во Мерсин и забележа два пораза (Србија и Турција), а ја победи Италија.
По завршувањето натпреварот за трето место ќе се одигра и финалето во кое Србија ќе игра со домаќинот Турција.
ФОТО: Дневник