Премиерот Груевски ќе ја запознае Естонија со известициските потенцијали на Македонија

 

Денеска владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, ќе престојува во политичко-економска посета на Република Естонија.

Во состав на владината делегација која патува за Естонија освен премиерот Груевски се и  заменик премиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Предвидено е премиерот Груевски да има средба со претседателот на Владата на Естонија, Андрус Ансип.

Воедно, владината делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во главниот град на Естонија, Талин, на кој ќе бидат претставени поволностите кои Република Македонија им ги овозможува на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис, со цел зголемување на можностите за економската и трговската размена и соработка во полето на инвестициите.

најчитано сега