Продолжува плодната соработка помеѓу Скопје и Истанбул

Развојот во сообраќајот, во урбанизмот, хортикултурата, градежништвото и во сето она што е во надлежност на локалната самоуправа, беа темите на кои денес разговараа градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш.

Делегацијата од Скопје предводена од Трајановски и претседателот на Советот Ирена Мишева, претстојува во Турција на покана на истанбулскиот градоначалник.

-На нашиот пријателски град и на градоначалникот на Скопје им посакувам добредојде. Ние се обидовме да направиме вреднување на заедничките активности во врска со локалната самоуправа меѓу двата града. Во наредните денови ќе ги поканиме сите членови на Советот на Град Скопје да присуствуваат овде и на лице место ќе воспоставиме контакти и анализи на нашите дејности. Заедничкиот разговор, размената на заедничките искуства на двата градоначалника всушност значат остварување на нови вредности на остварување на победата врз оние негативности кои што се уште постојат во градовите. Досега два пати сум бил во Скопје и повторно ќе дојдам на покана на градоначалникот. Односите меѓу двата града ќе ги подобрат односите меѓу двете државиво економската трговската и културната сфера, истакна градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш.

-Најзначајното е тоа што доаѓаме и со една голема делегација од средношколци повеќе од 80, кои ќе имаат спортски натпревари со нивните соученици од средните училишта во Истанбул во ракомет, кошарка, фудбал, машки и женски екипи и ќе имаат можност да се запознаат и да разменат мислења. Спортот е една од најдобрите можности за остварувње на соработка. Што се однесува до разговорот со градоначалникот Топбаш, договоривме неколку значајни работи, а тоа е дел на размена на нашите административни служби во поедни области на работењето, од областа на урбанизмот, финансиите, правните работи, кои ќе дојдат од Скопје во Истанбул и обратно. Исто така и една голема делегација од сите членови на Советот да го посети Истанбул и да одржат тука една седница симболично, преку која ќе се запознаат со начинот на функционирањето на Истанбул, истакна градоначалникот Трајановски.

На средбата, потенцираше градскиот татко, дискутиравме околу проблемите и развојот во сообраќајот, во урбанизмот, хортикултурата, градежништвото, во сето она што е во надлежност на локалната самоуправа и мислам дека токму локалната самоуправа е една од најдобрите можности за соработкамеѓу државите, бидејќи проблемите со кои што се соочуваат градовите независно од која земја тие се исти.

-Ние зборуваме за приземјени работи за урбанизам, сообраќај, за собирање на смет, за работи кои се многу блиски до граѓаните. Се надевам дека ова ќе биде само почеток на нашата плодна соработка која ќе треба да следува во иднина, додаде Трајановски.

 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега