Министерството за финансии враќа 13 милиони евра во стопанството

 

Министерството за финансии ќе врати 815 милиони денари  или околу 13 милиони евра во стопанството по основ државни записи.

Утре доспеваат за враќање 3,292 милиони денари, додека на денешната аукција беа реализирани 2,477 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.

Целта е да се исполнат барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал, се вели во соопштението. 

најчитано сега