Груевски: Се инвестира во градба на локални и регионални патишта
Само во последните 2 години овде во ова општина се завршија градби и реконструкции на 20 локални патишта и инвестиција од 10 милиони евра.
Ова го истакна Никола Груевски на вчерашниот масовен народен собир којшто се одржа во Прилеп.
-Се инвестирше и во регионални патишта и тоа: Прилеп – Кривогаштани со должина од 19 км, вредност 141 милион денари, Прилеп – Македонски Брод со должина од 37 км, вредност 282 милион денари, во текот на 2013 година е извршена санација на една коловозна лента на магистралниот пат А1 на Плетвар во должина од околу 1,60 км со вкупна вредност од 6 милион денари. Во текот на 2014 година се изврши надградба на магистралниот пат А1 делница, Плетвар – Фариш – Росоман во должина од околу 1,0 км со вкупна вредност од 6 милион денари. Во текот на 2014 година се изврши надградба на клучката на А3 влез во Прилеп кај споменикот на паднати борци-Могила со вкупна вредност од 2,8 милиони денари. На регионалните патишта Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Сладуево и Прилеп – Македонски Брод – Кичево во должина од 11,5 км се постави нова сообраќајна сигнализација и опрема, заклучи Груевски.
Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари.
-Другите патишта се: Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари, локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари. Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе пристигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој заедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина и овој регион, а ако се суди по креираните снимки на Заев тие треба да се најлошите луѓе. Затоа велам, гледајте кој што прави и создава. Во овој период се решија и над 9.000 барања за легализација. Во овој период се изгради и патот до манастирот Трескавец, а во финална фаза е изградбата на патот до манастирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра, а се инвестираат и 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра, потенцираше премиерот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа