Косовец со фалс пасош се обидел да влезе во Македонија
На ГП„Табановце“ вчера изутрината на излез од Република Македонија со автобус допатувал Ф.И. (23) од Косово, кој на пасошка контрола приложил македонска патна исправа. По извршената контрола констатирано е дека се послужил со туѓа исправа, а истиот евидира дека влез во РМ остварил со неговата косовска патна исправа преку ГП „Долно Блаце“. Ф.И. е лишен од слобода и против него е поднесена соодветна пријава со која е предаден на ОС-Куманово каде му е изречена прекршочна санкција и мерка „протерување“ во траење од две години.
Оцени ја веста
19.04.2015 - 12:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа