ФОТО: Прилепчани свечено го одбележаа празникот Томина недела

Во оваа прва неделата по Велигден, наречена Томина, светите отци определиле да се чита евангелието за Томиното неверие, како потврда на вистинитоста на Христовото воскресение.

По тој повод градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и претседателот на Советот на општина Прилеп, Никола Димески присуствуваа на свечена литургија која се одржа во црквата „Воскресение Христово“ во населеното место Беровци.

Градоначалникот Ристески на сите верници им посака многу среќа, разбирање, милосрдие и бериќет.

По повод денешниот празник Градоначалникот Ристески присуствува и на традиционалниот ручек заедно со сите верници.

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега