Заев е длабоко уплашен човек

 

Оние кои се синоним за неработење и страшно богатење сакаат на подмолен начин да наштетат на нашиот кредибилитет, рече премиерот Никола Груевски на народниот собир во Прилеп.

Тој се потсети на серијата „Раскажувачот“ со која го спореди Заев, но потенцира дека опозицискиот лидер е уплашен човбек.

- Се сеќавам имаше една детска емисија наречена Раскажувачот, во која еден човек покрај камин со куче до него отвораше книга и почнуваше да раскажува. Е тој раскажувач во случајов од струмичко Муртино си дава свој контекст на дополнително креирани, сецкани, лепени, монтирани разговори и од време навреме ќе подвикне, ќе се закани, ќе каже дека е многу силен и не се плаши од ништо, а всушност длабоко во него се крие едно така уплашено човече што дури на тие што добро знаат да проценат личност односно да направат психолошка проценка, им е совршено јасно и многу лесно ќе го видат тоа. И колку повеќе се сили, толку повеќе е уплашен. Тоа му се гледа во нејасниот поглед, во изнасилените и неприродни гестикулации, кои не му се својствени, во згрчената насмевка, демек се смешка, значи треба да веруваме дека е лабав и опуштен, а не сфаќа дека делува како да лапнал лимон, со сето ова што го прави, тој е само еден уплашен човек, кој гледа дека не успеа во неговите намери и во реализација на нарачките на неговите сценаристи, на тие што му го смислија ова. Зашто знаеме сите дека човекот е заложник и обична марионета. Не е ни чудо што неговата најблиска соработничка веќе неколку пати кажува пред различни соговорници дека овие им биле однапред подготвени материјали. Па ние тоа од старт го тврдевме. Најинтересно е што во сето ова нивно палење и ширење на агресија и закани, почнаа да раскажуваат кој каков тип на војска имал. Демек ако има судири по улици, тие биле спремни. И ни повеќе ни помалку си објавуваат во нивните медиуми, во тие што соросовата фондација им ги плаќа. И онака горди објавуваат кој каква војска имал, и демек биле многу силни, опасно ќе било. Бог да чува.  Е само тоа може човек да го каже. Бог да чува, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега