Можел да убие некој - со воздушна пушка кумановец му го оштетил прозорот на комшијата

 

Во Полициската станица Куманово синоќа во 23:30 часот кумановецот А.С.(37) пријавил дека додека бил дома, слушнал силен звук од прозорецот од неговата семејна куќа, по што кога излегол надвор, на балконот во конструкцијата од прозорецот забележал дупка со проектил во внатрешноста, додека во соседната куќа, сопственост на О.С.(42) на терасата забележал неколку лица кои откако го забележале, набрзина го напуштиле балконот и влегле внатре во куќата. По обавениот разговор со О.С. тој истакнал дека во период кога е пријавен настанот тој не бил дома, а за тоа време заедно со другарите бил дома сам неговиот малолетен син. Констатирано е дека О.С. со потврда поседува воздушна пушка и дека истата ја чувал во една од просториите од куќата, но дека неговиот син ја немал користено пушката претходно бидејќи не знаел да ракува со неа и дека не го сторил делото, но не ја исклучува можноста дека тоа да ги имало сторено некој од неговите другари. По консултација со јавен обвинител, воздушна пушка со потврда за одземени предмети е привремено одземена и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега