Ограбена црквата во село Волковија

 

Клисарот во црквата „Св.Мина“ во Волковија С.С. (70), вчера наутрово пријавил во полиција дека во периодот од средата до петокот (од 15 до 17 април) била извршена кражба во оваа црква.

- Засега непознатиот сторител или сторители со употреба на тврд предмет насилно ја отвориле влезната врата од црквата и без да пребаруваат или расфрлаат во нејзината внатрешност одзеле околу илјада денари и пет литри масло за јадење оставени од верниците како доброволен прилог. Незабележани од никого тие ја напуштиле црквата. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите, изјави портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски. 

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега