Овие статуси никогаш не смеете да ги објавите на Фејсбук

 

Ако имате обичај на вашиот профил на Фејсбук да пишувате вакви работи, време е да престанете.

ПАТЕТИЧНИ ИЗЛИВИ НА ЉУБОВ

Огромно срце „маче“, „душо“ на ѕидот на вашата девојка или момче е претерано, а да не зборуваме за вашиот ѕид. Изливите на нежност и страст чувајте ги за спалната соба.

АПСОЛУТНО НЕВАЖНИ ИЗЈАВИ

Седам на двоседот со најдобриот пријател и пиеме пиво.

Па браво, тоа никој досега не го направил.

КРАТОК РАЗГОВОР НА ФЕЈСБУК

Кога ќе се најдеме: напишано на ѕидот и продолжување на договорање преку коментари е непотребно завземање на виртуелниот простор и заморување на оние кои не ги интересира. За тоа служи прозорчето за рагворор или во крајна линија телефонот.

ОЗБОРУВАЊЕ НА ШЕФОТ И КОЛЕГИТЕ

Секогаш е непријатно кога ќе сфатите дека до одредени информации од вашиот профил можат да дојдат до вашите претпоставени.

ПАСИВНО-АГРЕСИВНИ СТАТУСИ

Навистина се нервирам кога луѓето за кои мислев дека ми се пријатели го покажуваат своето друго лице и ми забодуваат нож во грб. А зошто кога вече пишувате се и не ги тагнете?

Секако дека ова е иронија, затоа откажете се од тој статус, јавете им се и расчистете го недоразбирањето во четири очи.

ВАШИТЕ ФИТНЕС ЦЕЛИ И ИЗВЕШТАЈ ОД ТЕРЕТАНА

Убаво е што вежбате, но веруваме дека вашите пријатели на Фејсбук не се вашите тренери и дека не ги интересира колку сте истрчале или колку килограми сте кренале. Не, така не сте фраер со спортски дух, туку сте досаден фалбаџија.

СТАТУСИ ЗА ВРЕМЕТО

И самите можеме да погледнеме преку прозорот, па не ни е потребна вашата временска прогноза.

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега