СДСМ во одбрана на Петрески кој ги задолжи oхриѓани 50 милиони евра

Денешната прес конференција на СДСМ во Охрид е практично одбрана на поранешниот градоначалник Александар Петрески, кој е до гуша во криминали и кој ја задолжи општината и јавните претпријатија со над 50 милиони евра.

Иако беше убедлива победата на актуелниот градионачалник Никола Бакрачески уште во првиот круг од локалните избори сепак СДСМ започна со одбрана на криминалите на Петрески. Охриѓани јасно им покажаа на СДСМ и Петрески дека не заслужуваат да бидат на власт. Во Охрид победата на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена во околу 8 илјади гласови разлика, односно со скоро двојна разлика.

Со непризнавањето на овој убедлив пораз, најголемата опозициска партија ги навредува и потценува охриѓани, кои јасно ја дадоа својата поддршка. СДСМ го брани Петрески поради тоа што ја задолжи општината со неверојатни 50 милиони евра.

Општина Охрид со долг од точно 33.409.836 евра е, веројатно, најзадолжената општина на Балканот. Локалната власт тешко се справува со долгови кои достигнуваат висина од неколку годишни буџети, со блокирана сметка, секојдневни извршни судски решенија и високи камати. Кога на сето тоа ќе се додадат уште и долговите на јавните претпријатија, вкупната сума надминува 50 милиони евра.

Врховниот суд на Македонија му впиша нов долг од 1,5 милион евра на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од Охрид, кое и така се дави во загуби од десетици милиони евра. Долгот е последица на нестручното и неодговорно работење на поранешното раководство поставено од СДСМ.

Буџетот на Општината вкупно е оштетен за околу 50 милиони евра во периодот додека Петрески беше на чело на оваа локална самоуправа.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега