Премиерот Груевски се сретна со заменик помошникот државен секретар на САД Ји

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

Двете страни, како што соопшти владината прес-служба, ги поздравиле одличните односи кои постојат помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и изразиле посветеност кон нивно понатамошно продлабочување на секое ниво од взаемен интерес.

- Соговорниците разговараа за реформите кои ги спроведува нашата земја во насока на реализација на стратешката цел за европска и евроатланска интеграција. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста и волјата за продолжување на реформскиот процес во сите области каде што тоа е потребно и е од интерес на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.

Во него се додава дека двајцата соговорници се согласиле оти актуелната ситуација во земјата штети на имиџот на државата и изразиле уверување дека истите предизвици треба да бидат надминати во што побрз период низ институциите на системот.

Соговорниците ја истакнале и значајноста од институционалниот дијалог и потребата и приоритетот од активна партиципација во Собранието на сите политички партии.  

Двете страни ја истакнале и значајноста на понатамошно продолжување со економските реформи со цел обезбедување на странски инвестиции и нови работни места, при што премиерот Груевски се заблагодарил за реализацијата на инвестициите кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега