Имате Фејсбук апликација на вашиот телефон- најдобро би било веднаш да ја избришете

 
На оваа друштвена мрежа можете директно да пристапите преку интернет пребарувач, на овој начин Фејсбук нема да ви троши интернет и батерија додека не го користите.
 
Дури и доколку сте зависни од Фејсбук, не би било лошо да ја избришете апликацијата од вашиот телефон и на популарната друштвена мрежа да пристапите преку интернет пребарувач. Антивирусната компанија АВГ направи листа од најлоши апликации кои влијаат на времетраење на батеријата и самите перформаниси на уредот. Фејсбук апликацијата е прогласена за една од најлошите.
 
АВГ открива дека мобилната апликација на прочуената друштвена мрежа негативно влијае врз работата на телефонот, и е трет најголем кривец за трошење на батеријата и интернетот, како и целокупната меморија на телефонот.
 
Меѓутоа добра работа е што оваа апликација воопшто не ви е потребна за да пристапите на Фејсбук. На оваа друштвена мрежа можете да пристапите директно преку интернет пребарувач, и на тој начин ќе го избегнете брзото трошење на батеријата и на интернетот а ќе ги намалите и проблемите со успорување и кочење на вашиот телефон.
 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега