Двајца битолчани во шок - пожарникарите спречија катастрофа
Неколку часа по полноќ на улицата „Михајло Андоновски“ во Битола опожарени биле две моторни возила.
Од Територијалната против пожарна единица-Битола информираат дека дојавата за пожар врз возила пристигнала околу 2 часот, и веднаш на паркингот на улицата „Михајло Андоновски“ била испратена екипа за брза интервенција. За жал во пожарот целосно е уништено возило марка „Мазда“, додека со префрлање на огнот опожарено е уште едно возило марка „Опел астра“. Благодарение на брзата интервенција се спречило ширење на пожарот и кон останаите возила на паркингот, пренесе МИА.
За два дена, ова е втор случај на опожарување на две моторни возила во Битола.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа