ФОТО: Направила селфи, а тоа што го открила на сликата и го спасил животот!

Девојка од Велика Британија триесет и петгодишната Џеки Николас направила селфи без шминка, неочекувајќи дека токму оваа фотка ќе и го спаси животот. 

Британката од Дерби, остана жива благодарение на нејзиното селфи кое го направила минатата година, кога завладеа интернет манијата со направени селфија. Откако се сликнала и ја постирала фотката на фејсбук, таа кликнала на линкот кој се појавил на нејзиниот тајм-лајн. Се работи за клип кој говори за превентивен преглед на дојката, и секоја жена лесно може да провери дали има некакви промени.

Џеки го погледнала клипот и одлучила самата да се прегледа. Останала во шок кога го напипала чворот со големина на зрно грашок. Кога посетила лекар, тој го потврдил нејзиниот страв. Таа имала рак на дојката.

 

Џеки започнала со лечење. Направила масектомија, и го отстраниле лимфниот чвор, и имала неколку циклуси на хемотерапија. Сепак, неколку години подоцна, лекарите и соопштиле дека има 80% шанси да во наредните пет години повторно се излечи.

„Поинаку изгледам и животот ми е поинаков. Се трудам да уживамво секој момент и да не се грижам многу за проблемите“, вели Џеки.

 

Таа е една од девојките кои имале среќа да на време ги откријат промените на своето тело. Ве советуваме и вас да на секој месец дена ги проверите своите гради, и доколку приметите некаква промена, на време да посетите лекар.

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега