Горан Бреговиќ и Халид Бешлиќ главни ѕвезди на овогодинешниот Пиво Фест во Прилеп

Порталот Курир денеска ја објави програмата која ќе ги забавува посетителите на Прилепскиот Пиво фест.

18.07 Вечер на македонски евергрини

Маја Оџаклиевска, Драган Мијалковски, Зафир Хаџиманов, Вера Јанковиќ и Дани со компилација од македонски евергрини ќе ја забавуваат публикат. Првата вечер од Пиво фест ќе настапат и 2 Cellos.

19.07 Добра журка во петок

Вториот ден од фестивалот публиката ќе ужива со Inna, а потоа со балканскиот заводник Владо Георгиев.

20.07 Екс-ју забава

Даниела Мартиновиќ ќе го отвори викендот, а веднаш по неа ќе настапи Халид Бешлиќ.

21.07 Луда журка за крај

Маестро Зоран Џорлев ќе настапи во недела, а по него ќе настапо Горан Бреговиќ со својот оркестар.

 

најчитано сега