Вардар немаше среќа, ја доби Стеауа!

 

Извлечени двојките за второто квалификациско коло од Лигата на шампиони, а најдобриот македонски клуб Вардар го доби најтешкиот можен противник шампионот на Романија и поранешен европски прват Стеауа. Споре рангирањето на ФИФА, романците се трети на рајтинг листата од тимовите кои ќе играат во второто коло во квалификациите во ЛШ. За нив коефициент 35,6, додека Вардар кој е рангиран на 27 место има коефициент 2,05. Првиот меч Вардарци ќе го играат на гостински терен на 16/17 јули, а реваншот се игра во скопје седум дена подоцна. Црно-белите минатата сезона беа елиминирани од Бате Борисов. 

Денеска ќе се извлекуваат и двојките во Лига Европа. Македонски пртеставници се Металург, Хоризонт Турново и Тетекс.

најчитано сега