Во Битола од 1.754 сообраќајни контроли, констатирани 327 прекршоци

 

Во текот на изминатата седмица Секторот за внатрешни работи-Битола изврши сообраќајни контроли на вкупно 1.754 возила, при што констатирани се 327 прекршоци.

Од СВР-Битола посочуваат дека и понатаму најчести се сообраќајните прекршоци во кои возачите ја пречекоруваат дозволената брзина и тоа во 105 случаеви, управување на возило без возачка довола, а се почесто прекршоци прават и пешаците.

- СВР-Битола на територијата на општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Прилеп и Крушево, во 10 случаи е констатирано  присуство на алкохол кај возачите, 19 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, 33 случаи на погрешно паркирање, 24 – некористење на сигурносен појас, 7- користење на мобилен телефон при управување со возило, 1 случаj –минување на црвено светло и 37 прекршоци кои ги предизвикале пешаците, истакна Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

За поголема безбедност на возачите и пешаците, СВР- Битола ги потсетува и предупредува сите учесници во сообраќајот на обврската на почитување на правилата и прописите од областа на сообраќајот, почитување на сообраќајната сигнализација како и прилагодување на условите на патот. 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега