Нов автогол на Заев- никој не верува во небулозните обвинувања

По вчерашната прес конференција на опозицискиот лидер Зоран Заев на која обвинуваше за партиски вработувања, во јавноста се постави дилема дали неговиот настап беше само лоша проценка или пак местенка на некој од раководството на партијата.

Заев вчера практично си постигна автогол и продолжи со објавување на сечени и монтирани материјали кои притоа ги дообјаснува и ги става во одреден невистинит контекст, со што само ја докажува потребата од манипулација.

По исказите на лидерот на СДСМ дека кога ќе дошле на власт ќе јаделе живи луѓе и дека ќе влегле тимски во институциите, ќе вработувале од чистачка до министер, јавноста коментира дека практично е небулозно токму Заев да говори и да обвинува дека некој друг партиски вработувал.

Речиси ниту еден граѓанин не верува во материјалите кои Заев ги презентира, бидејќи јавноста многу добро ги памети неговите изјави во минатото, каде тој меѓу другото самиот кажува дека партискиот реваншизам и партиските вработувања веќе функционираат онаму каде СДСМ е на власт, при што типичен пример е Струмица.

-Во Струмица овие 2744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хегиеничарот во Еленица до некој директор коe е во некоја институција која што е под општината, одлучува кадрова комисија на СДСМ, моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кои што СДСМ го номинирала за да биде мандатор за градот Струмица да го води, тоа ми е задачата да ги отворам работните маста а кадровата комисија на СДСМ одлучува кои да биде вработен. Се радувам што ваквите нови пракси кои што ги преминуваме во Струмица, во едно Охрид, во едно Куманово, во еден Карпош се пракса и на партијата, рече Заев на една партиска трибина во минатото.

Дополнително, Заев со изјавата дека ќе јадел живи луѓе кога ќе дошле на власт, практично си ја забетонира кариерата како политичар, кому партиското вдомување му е пред квалитетот и државните интереси.

- Да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме. Ќе ги избркаме од работа и тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, ќе да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија. Кога се дружите со нив велат вие сте меки, вие заборавате, ќе помине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме. Да им кажете беше Заев, апсениот Заев и дека живи луѓе ќе јадеме после тоа, рече Заев.  

На вчерашната прес- конференција покрај со давањето автоголови Заев продолжи и со своето антидржавно однесување. Првиот човек на СДСМ продолжи да открива чувствителни податоци за безбедносните служби и практично го разоткри планот за кадровско зајакнување на тајните служби, со што ја става на тапет работата на структурите од државата чија првенствена задача е гарантирање на безбедноста на граѓаните.

Заев, коментираат познавачите, на мошне перфиден начин продолжува да ја загрозува работата на овие служби, особено ако се знае дека претходно откри соработка помеѓу македонските и израелските безбедносни служби околу донација на опрема за подобрување на перформансите на безбедносниот систем на Република Македонија. Заев отиде и подалеку кога го откри и идентитетот на израелски оперативци кои биле вклучени во целата таа донација.

 

Во јавноста нема дилеми дека однесувањето на  Заев е штетно за државата, но сега тој оди и чекор понатаму кога сака преку прес- конференции да го загрози и работењето на службите, со што се потврдува целта на неговото сценарио за создавање и наметнување на криза.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега