Пукање во скопско Арачиново: Му го попречиле патот со два автомобили

 

Му излегле од автомобили со палки и го нападнале.  Вчера околу 23,30 часот, Р.М.(31), пријавил дека додека се движел со своето возило по патот од с.Арачиново према н. Ченто, патот му го попречиле две возила од кои излегле повеќе непознати лица вооружени со палки при што физички го нападнале, а едно од лицата пукало и со огнено оружје. Истиот успеал да избега и настанот го пријавил во полиција. Од полицијата велат дека е извршен  увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега