Пандов: Бомбите на Заев ни од Парламент немаше да бидат жестоки

 

Откако не ги призна парламентарните и претседателски избори на кои катастрофално загуби пред една година, Зоран Заев низ одредени медиуми почна да се заканува со материјалите кои ако ги покаже во јавност, владата ќе биде сменета.

 

Ова го истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов во своето гостување на Сител 3 телевизија.

 

-Секој нормален човек од СДСМ кој е избран како пратеник, може да претпоставиме под каков стрес и терет е што седи надвор од Парламентот. Тој човек се одредил да биде политичар, своето парче леб да си го заработи со занимавање со политика. Народот му дал да го изберат и да ги застапува тие луѓе во Парламентот. Тој сега седи дома и ги гледа “бомбите“ на Заев. Тој човек сега никој не го познава. Го знае неговата фамилија дека е избран за пратеник на СДСМ и никој друг. Затоа што немаме начин како да ги слушнеме. Немаат каде да си ги артикулираат своите гледања околу ова или она. И конечно, околу “бомбиве“. Тие никаде нема да беа жестоки. Да бидеме реални,  јас ја познавам историјата. Не помниме некогаш и некаде на ваков начин да се собори некоја власт и некои луѓе да дојдат на власт. Ова е обид прв и единствен на Заев, рече Пандов.

 

Тој потенцира дека одамна е јасно дека со секој изминат ден Заев си го стеснува маневарскиот простор, си го стеснува мегданот каде што може реално правично, политички да се бори. 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега