Тетовец глумел „брзи и бесни“ со својот автомобил по градските улици - завршил со лисици
Тетовската полиција синоќа го привела 25-годишниот А.А. од Тетово.
Како што информираат од СВР Тетово, момчето на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ возел „Пежо 206“ и со голема брзина вртел кругови, чкрипел со гумите и го нарушувал јавниот ред и мир.
Подоцна автомобилот бил, а возачот кој дрско се однесувал и им се спротивставувал на полициските службеници бил приведен.
Од полицијата информираат дека е изготвен соодветен поднесок за направениот прекршок.
Оцени ја веста
15.04.2015 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа