Македонците во Албанија не си обезбедија ниту едно пратеничко место
Македонската Алијанса за европска интеграција имаше дупло подобри изборни резултати на вчерашните избори во Албанија, но, сепак не успеа да си обезбеди ниту едно пратеничко место во Собранието.
- Овие резултати за Македонската Алијанса значат многу. Ова е втор пат како учествуваме на парламентарните избори во Албанија како партија. Многу значајно за нас е што резултати се дуплираат и секојдневно расте поддршката за Македонска Алијанса таму каде што има македонско население. Ние очекувавме да освоиме пратеничко место во Парламентот, но, и овие резултати се добри, затоа што секаде каде што има Македонци, МАЕИ е права партија, изјавил лидерот на МАЕи Едмонд Темелко.
На вчерашните избори, МАЕИ беше во коалиција со Демократската партија на Сали Бериша.
ФОТО: Канал 5